Зошто ФБИ ги испрашувала Ди Каприо и Кардашијан?


САД- Риалити ТВ ѕвездата Ким Кардашијан, наводно, одлетала дома носејќи 250.000 долари во кеш во кеса за отпадоци по една ноќ коцкање со милијардерот во бегство Џо Лоу во Лас Вегас во 2009 година, открија неодамна објавените документи на ФБИ.

Лоу, кој во моментов го бараат меѓународните власти, е обвинет за организирање на шема за кражба на 4,5 милијарди долари од малезискиот државен економски фонд 1Malaysia Development Berhad (1MDB).

Познат плејбој и припадник на високото општество, 41-годишниот бегалец е познат по екстравагантното трошење и луксузен начин на живот . Тој беше поврзан со голем број личности од висок профил, како што се Кардашијан, Леонардо ди Каприо, супермоделот Миранда Кер и членот на Fugees, Прас Мишел, меѓу другите.

Според документите на ФБИ, агенцијата ја испрашала Кардашијан во 2019 година поради нејзиното пријателство со меѓународниот бегалец.

Во извештајот се наведува дека во 2009 година, Кардашијан играла бакара со Лоу и филмските продуценти Риза Азиз и Џои Мекфарланд во приватна соба во казино во Лас Вегас. Кардашијан требаше да замине во 5 часот наутро, но реши да остане откако пријател и кажа дека Лоу има репутација дека им дава чипови на луѓето на крајот на ноќта.

Лоу освои голема добивка таа вечер и со оглед дека Кардашијан ги избирала облозите, на крајот и ги подарил чиповите во вредност од над 350.000 долари. Кога ѕвездата на социјалните мрежи ги искеширала своите добивки, шалтерот на казиното и подаде вреќа за отпадоци полна со банкноти од сто долари во износ од 250.000 долари. Остатокот од парите го собрала на следното патување во Лас Вегас на забава со Лоу повторно.

Лоу, исто така, наводно ѝ дал на Кардашијан 305.000 долари во готовина и 100.000 долари за огномет на нејзината венчавка со НБА играчот Крис Хемфрис во 2011 година.

Со таа сума, Кардашијан купи бело Ферари, но подоцна го продаде автомобилот за да купи Ламборџини со името на Хамфрис.

Во 2014 година, кога Лоу понуди да и подари оригинална слика на Жан-Мишел Баскија на Кардашијан, таа и нејзиниот тогашен сопруг, Је – порано Канје Вест – наместо тоа, побараа дело од Клод Моне“.

Цитирајќи ги документите на американската влада и правните поднесоци, Блумберг објави дека малезискиот бегалец исто така бил исклучително дарежлив со другите пријатели, познати личности.

Лоу и Ди Каприо, 2013

Лоу, наводно, донирал Пикасо од 3,2 милиони долари и Баскија од 9,2 милиони долари во добротворната организација на Ди Каприо, а на Кер и подарил накит вреден околу 8 милиони долари. Тој го финансираше и филмот „Волкот од Волстрит“ во режија на Мартин Скорсезе, во кој глуми Ди Каприо. По истрагата против Лоу, и Ди Каприо и Кер на крајот ги предале предметите што Лоу им ги дал на владата на САД.