Зошто е добро да се пие салеп во зимските денови

Салепот е традиционален турски напиток кој има многу делотворни својства. Така на пример салепот се препорачува за смирување на кашлица и ги ублажува болките во грлото


Салепот станал популарен во средниот век со доаѓање на Арапите во Европа.

Инаку овој бел прав се добива со мелење на сушени луковици од планински орхидеи од родот на Orchis (Orchis mascula, Orchis militaris).

Доколку не знаете како се подготвува салепот еве еден едноставен рецепт:

Потребно ви се – 1000 мл вода, 150 грама шеќер, пет лажици салеп во прав, малку цимет.

Кога водата ќе зоврие, додадете го шеќерот и оставете да се вари уште малку, па потоа додадете го салепот. Варете на умерена температура додека да добиете густа течност. На готовата напивка додадете на крајот цимет кој воедно му дава прекрасен мирис на салепот.  Доволно е да додадете само четвртина лажичка цимет  и вашето тело ќе може да се избори со вируси и бактерии.