Зонско и во Стар Аеродром – најава и за Ново Лисиче
На иницијатива и барање на граѓаните од населбата Стар Аеродром и во соработка на Општината и ЈП „Градски паркинг“, донесена е одлука за обезбедување на бесплатно зонско паркирање на граѓаните кои живеат во оваа населба, соопштија денеска од општината.
Станува збор за одлука која ги опфаќа жителите на улиците „Пандил Шишков“, „Фрањо Клуз“, „Ангел Димовски“, „23 Октомври“, „Коста Новаковиќ“ и бул. „Јане Сандански“, а истата стапува во сила на 21 јануари и важи за зоната Б9.
Со прифаќањето на оваа иницијатива, решаваме уште еден важен предизвик со кој се соочуваат граѓаните. Наскоро, почнува и анкетирање на жителите на Ново Лисиче, како и подготовка на сите потребни процедури за воведување зонско паркирање и во овој дел на Аеродром.
Зонското паркирање и неговото воведување обезбедува нови, бесплатни и сигурни паркинг места за граѓаните кои живеат во околината. Истовремено, се обезбедува примената на посебни процедури за отстранување на хаварисаните возила, ставање крај на паркирањето на службени, како и возила наменети за продажба, кои зафаќаат голем број паркинг места.