Знамето на НАТО подигнато на јарболот пред Собранието
Пред Собранието на Република Северна Македонија од денеска официјално заедно со државното знаме се вее и знамето на НАТО.
Инаку, претседателот на Собранеието Талат Џадери синоќа беше домаќин на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и на амбасадорите во Северноатлантскиот совет од 29-те земји членки, кои денеска го одржаа првиот состанок по потпишувањето на Протоколот за полноправно членство на земјава во Алијансата.
Џафери изразил задоволство што е домаќин на Северноатланскиот совет, што за нашата држава, стои во соопштението од неговиот кабинет, претставува своевидно признание и потврда дека заслужено стануваме 30 – та членка на НАТО Алијансата.
Генералниот секретар Столтенберг, во оваа прилика порачал дека со нетрпение чека земјава да стане триесеттата членка на Алијансата и да го види нашето знаме развеано пред седиштето на НАТО во Брисел, како и пред мисиите и операциите насекаде низ светот.