Златко Јовановски актуелен во Холивуд: Талија во креација на “ЈZJ “


Актерката и пејачка Талија позираше во уникатна креација на македонскиот диајнер Златко Јовановски, чии креации досега во Холивуд носеа и Ава Макс и манекенките кои глумеа во краткометражниот моден филм на поп-ѕвездата Тајга, поранешното момче на најмладата милијардерка Кајли Џенер.
 
 
-Талија носи моја креација направена специјално за неа. Нејзиниот стилист дошол до мојте креации и до моето име па ме контактираше за соработка. Ми кажа дека креацијата мора да биде инспирирана од креациите што она некогаш ги носела одамна. Јас пратив три опции, три скици, а Талиа и нејзиниот стилист ја избраа оваа, ни изјави Златко, кој заради раскошните тоалети и венчаници го нарекуваат македонскиот Зухаир Мурад. 
 
Корсетот е направен од плиш кадифе во розева боја и надолу продолжува во форма на подвезици. Аблемите се рачно направени, везени со разновидни монистри и камења.
 
 
– Верувајте во чуда. Бидејќи за мене е многу (позитивно) чудно што како дете ја гледав шпанската серија “Росалинда” и замислував како живеат тие глумци, а денес со Росалинда главниот лик на серијата, односно со Талија сум во контакт, вели Златко. 
 
Неговата етикета “ЈZJ by Zlatko Jovanovski” го освои и регионот- негови креации носат и Цеца и Јелена Карлеуша, а неговата екстравагантна модна приказна продолжува да се „дизајнира“ во неговите ателјеа во Скопје и во Тетово.