Жителите на Запорожја ја чуваат нуклеарката со „жив ѕид“ (ВИДЕО)


Локалните жители и вработените во нуклеарната централа Запорожја се собраа денес околу објектот за да спречат минување на руските трупи.

Украинците се плашат дека таа може да биде употребена како оружје против нив, по заканите на рускиот претседател Владимир Путин дека ако даваат отпор ќе се соочат со последици какви не виделе досега.