Жена скокна во извор во Јелоустоун за да спаси куче, доби изгореници


Во критична состојба е жената која доби изгореници откако скокна во врелиот извор во Националниот парк Јелоустоун во САД, за да спаси куче.

Дваесетгодишната жена. чиј идентитет не се соопштува, во понеделникот скокнала во изворот чија вода има околу 90 степени Целзиусови, пренесена е во болница. Според службата на паркот, таа се здобила со изгореници од стапалата до рамената.

Кучето угина

нејзиното куче скокнало од автомобилот и се залетало во изворот. Жената скокнала во по него во изворот со врема вода, а од него успеал да ја извлече нејзиниот татко.

Кучето, исто така, е извлечено од термалниот извор, но подоцна угинало, пишува Ен-би-си њуз.

Во септември, 19-годишна вработена во паркот се здоби со изгореници од втор и трет степен на 5 отсто од телото кај гејзерот Олд фејтфул.

Според службите во паркот, во Јелоустоун има околу 10.000 хидротермални извори, од кои повеќе од 500 се гејзери. Досега во тој национален парк имаат загинато повеќе од 20 луше по влегување или пад во термален извор.