Жена од Калифорнија се породила четири пати на ист ден: Нереално е што сите го слават својот роденден заедно

Жена од Калифорнија неодамна го роди своето четврто дете, кое случајно го дели истиот датум на раѓање како и нејзините три постари браќа и сестри.
Според американските медиуми, Наужа Дрејк (26) го родила својот син Кајлоу на 7 јули, а ги има и Кјуан, кого го родила во 2019 година, ќерка На’Заиле, која ја добила во 2021 година, и син Халан, кого го добила во 2022 година.
„Откако го пречекав моето четврто бебе, бев целосно запрепастена што имав четири деца родени на ист ден“, рече Наужа.
Потоа објави дека е тажна што пропуштила уште една роденденска забава за своите деца.
„Ми беше тажно што пропуштив уште една роденденска забава на моите деца. Ова ќе беше третата што ја пропуштам поради породување, но им ветив дека ќе им надоместам. Сè уште се чувствувам нереално што сите го делат истиот роденден, па затоа се чувствувам како да имам Божиќ двапати годишно. Едноставно е неверојатно што сите се родени на ист ден“, рече таа.
Таа, исто така, откри дека сите имаат ист белег на десната нога. Претходно откри дека луѓето околу неа често претпоставуваат дека носи близнаци.
Таа нагласи дека ниту едно од породувањата не било предизвикано, ниту пак 7 јули е термин за некое од децата. Сите породувања биле спонтани. Таа вели дека докторот не можел да поверува дека не е предизвикан породување, па проверил во картонот за да се увери.
Патем, шансите да се имаат четири деца со ист роденден без медицинска интервенција се проценуваат на милиони. Дрејк додаде дека откако го дочекала своето четврто дете, сите ѝ рекле да игра лотарија.