Жена обвинета за седум убиства, по 20 години, конечно пред суд
Жена обвинета дека убила седум луѓе, конечно се најде пред судот, откако успешно белга 20 години.
Лао Ронгџи (46) се појави пред судија во Нанчанг во кинеската провинција Џијангџи во понеделникот, каде се извина на семејствата на жртвите, потенцирајќи дека и таа била жртва на поранешното момче кому била присилена да му помага, а тој е осуден убиец и се вика Фа Зијунг. Тврди дека му помагала од страв.
Фа е уапсен во јули 1998 година и осуден на смртна казна поради седум убиства. Казната е извршена во декември таа година.
„Заедно правеле кривични дела, киднапирале, ограбувале и убивале луѓе во градовите Нанчанг, Вензу, Чангзу и Хефел“, пренесоа кинеските медиуми.
Лао признала дека методите на Фа биле многу сурови и дека и нејзе физички и психички ја злоставувал. Исто така, додала дека има два абортуса.
Во текот на бегството Лао користела лажни имиња, а дури правела и естетска операција за да го смени својот изглед и да избегне апсење. Уапсена е во ноември лани во трговски центар и обвинета за убиство, кражба и киднапирање.