Желби од Катругалос до Пендаровски за успешно вршење на должностите


Желби на грчкиот државен врв за успешно вршење на должностите во новата, позитивна клима создадена со Договорот од Преспа му пренел министерот за надворешни работи на Грција на новиот претседател, Стево Пендаровски, како што самиот Јоргос Катругалос објави на неговиот Твитер-профил, јави дописничката на МИА од Атина.

-На новиот Претседател на Северна Македонија, на господинот Пендаровски, му ги пренесов желбите на државното и политичкото раководство на нашата земја за успешно вршење на неговите должности во новата, позитивна клима создадена со Договорот од Преспа, напиша Катругалос на Твитер и објави фотографија со претседателот Пендаровски.