Земјотрес со јачина од 4,7 степени ја погоди Грција, почувствуван и во Македонија
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во петок, 20 март 2026 година, во 10:05 часот, во Грција.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал 11 километри североисточно од Парамита, односно 157 километри југозападно од Лариса.
Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 5 километри под површината на земјата.
Граѓаните велат дека земјотресот бил почувствуван низ целата земја.
„Јанина, се тресеше добро“, „Траеше околу 8 секунди“, „Се тресеше и во Парга“, напишаа жители на Грција.
Земјотресот бил почувствуван и во Албанија.
„Го почувствувавме и тука“, рече жител на Ѓирокастро.
„Ние сме во Малик во Албанија, и се тресеше и тука“, рече друг.
Земјотресот бил почувствуван и во охридското подрачје.
„Добро стресе“, рекоа жители на Охрид.
Засега нема пријави за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.