Земјотрес од 7,3 по Рихтер регистриран на Хаити


 Силен земјотрес со интензитет од 7,3 степени по Рихтер го погоди денеска западниот дел од Хаити. Епицентарот е на 10 км длабочина, 100 километри западно од главниот град Порт-о-Пренс.

Засега нема објава за цунами. Земјотресот беше почувствуван насекаде низ Хаити, Јамајка и Доминиканска Република. 

Земјотрес од 6,7 по Рихтер на Аљаска

Земјотрес со интензитет од 6,7 степени по Рихтеровата скала ја погоди денеска Аљаска. Епицентарот бил на длабочина од 10 км. Засега не е издадено предупредување за цунами.