Земјотрес од 5,7 степени по Рихтер во Пакистан – најмалку 20 загинати и повеќе од 200 повредени
Најмалку 20 луѓе загинаа, а повеќе од 200 се повредени во земјотресот што го погоди јужен Пакистан, изјави во четвртокот директорот на Дирекцијата за управување со катастрофи Насир Насир.
Земјотресот со интензитет од 5,7 степени според Рихтеровата скала беше релативно плиток на 20 километри со епицентар на 102 километри источно од Квејт, соопшти Американскиот геолошки завод (USGS).

Повеќе од 100 куќи од кал се урнаа, а голем број беа оштетени, вклучително и владини згради. Стотици луѓе останаа без покрив над главата, изјави за Ројтерс заменик -комесарот на градот Харнаи, Сохаил Анвар.