Земјотрес од 3,5 степени во Босна и Херцеговина


Земјотрес со јачина од 3,5 степени е регистриран во 8 часот и 33 минути во близина на Зеница, јавува ЕМСЦ.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар наведува и дека според прелиминарните информации земјотресот бил на длабочина од 2 километри, на 21 километар северно од Зеница.

Земјотресот не треба да предизвика значителна материјална штета.

Според коментарите на ЕМСЦ, тресењето се почувствувало низ цела Босна и Херцеговина. Некои пишуваат дека не било силно, а други пишуваат дека ги разбудил земјотресот. Некои пишуваат и дека излегле на улица.

Во неколку коментари се наведува дека земјотресот бил почувствуван и во Хрватска.