Земјите од НАТО следната недела на состанок поради нападот на естонскиот воздушен простор од Русија

Земјите од НАТО во текот на следната недела планираат да одржат состанок, со цел да се договорат во врска со нападот на естонскиот воздушен простор од страна на Русија, односно, како што објави Естонија, од трите руски борбени авиони, изјави портпаролот на Алијансата за ДПА во саботата.
Консултациите ќе се одржат според Членот 4 од Северноатлантскиот договор, рече тој, без да го прецизира точниот датум на разговорите.
Член 4 од НАТО предвидува разговор меѓу сојузниците, доколку одредена членка смета дека нејзиниот „територијален интегритет, политичка независност или безбедност“ е загрозен.
Естонија побара консултации, откако во петокот наутро откри три руски борбени авиони МиГ-31 во нејзиниот воздушен простор, без одобрение.
Русија го негираше естонското соопштение, велејќи дека не прекршила никакви граници.
Полска, исто така, во петокот објави дека два руски воени авиони се приближиле до полската платформа во Балтичкото Море на ниска надморска височина, нарушувајќи ја безбедносната зона.
Членките на НАТО потврдија дека е активиран Членот 4.