Зеленски: Не ни треба посредник како Орбан
„На Украина не ѝ се потребни посредници како унгарскиот премиер Виктор Орбан. Нема да го пуштам него и луѓето како него“ – порача претседателот на Украина, Володомир Зеленски околу наводните мировни напори на претседателот на Унгарија и актуелчен претседавач со ЕУ.
Според зеленски, Орбан нема ни кредибилна армија, ни мож со тоа да го убеди рускиот лидер Вчадимир Путин.
„Ни требаат директни односи со САД. Ние сме силна земја, тоа го покажавме на бојното поле за време на целата агресија на Путин. Има ли таков современ пример во Европа? Не. Дали Орбан има таква армија? Не. Како ќе го притисне Путин – со насмевка, со шега? Оставете го, порача Зеленски.