Зелeнски: Киев и САД преговараат за договор за слободна трговија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев води преговори со САД за можен договор за слободна трговија. Според Зеленски, договорот би можел да предвиди нултa царини за трговија со САД за дел од индустриските региони на Украина и да стане дел од поширок „план за просперитет“ за обновата на земјата по војната.
„Таков договор ќе ѝ даде на Украина многу силни предности во споредба со соседните држави и би можел да привлече инвестиции и деловен сектор“, истакна Зеленски за Bloomberg. Тој додаде дека сака да разговара за деталите со американскиот претседател Доналд Трамп, нагласувајќи дека договорот би претставувал и дополнителна гаранција за економската безбедност на Украина.
Покрај тоа, продолжуваат тензиите на фронтот: Рускиот напад со ракета „Орешник“ бил „демонстративно“ близу границата со Европската Унија и претставува безбедносен предизвик за земјите членки на ЕУ како Полска, Романија и Унгарија. СБУ го третира нападот врз Лавов како военo злосторство.