Зеленски: Историска е одлуката на САД да се обиде да обезбеди безбедносни гаранции за Украина


Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, ја поздравува историската одлука на САД да се обиде да обезбеди гаранции за безбедноста на Украина, објавија француските медиуми.

„Ова е историска одлука, дека САД се подготвени да учествуваат во безбедносните гаранции за Украина. Како резултат на нашата заедничка работа, тие мора да бидат многу практични, да обезбедат заштита на копно, во воздух и на море, и мора да се развијат со учество на остатокот од Европа“, објави Зеленски на X.

Специјалниотл амњериклански пратеник за Украина, Стив Виткоф, денеска изјави дека на средбата со Трамп во петокот во воената база во Енкориџ, на Алјаска, рускиот претседател Владимир Путин се согласил да им дозволи на сојузниците на Украина, вклучувајќи ги и САД, да ѝ понудат безбедносни гаранции слични на Член 5 од НАТО.

„Гаранциите за безбедност како резултат на нашата заедничка работа треба да бидат навистина многу практични, да обезбедат заштита по копно, воздух и море и треба да се развиваат со учество на Европа“, напиша Зеленски во Х по видеоконференцијата на „Коалицијата на посветените“, која ги обединува сојузниците на Киев.