Зеленски го нарече Путин „глупак“ што сака да убива
Украинскиот претседател Володимир Зеленски му прати порака на рускиот претседател Владимир Путин, по неговата неколкучасовна прес конференција: Ти си глупав.
„Луѓе умираат, а тој мисли дека тоа е „интересно“… Глупак“, напиша Зеленскиј на социјалните мрежи, посторајќи видео на кое Путин зборува за инвазијата на Москва на Украина.
Говорејќи за време на неговата годишна телевизиска прес-конференција, Путин тврдеше дека руската ракета Орешник не може да биде пресретната од воздушната одбрана и ги повика Западот и Украина да „спроведат технолошки експеримент“.
„Да го наречеме високотехнолошки дуел на 21 век. Нека одредат место за удар, да речеме во Киев, таму да ја концентрираат целата своја противвоздушна одбрана, а ние таму ќе удриме со Орешник и ќе видиме што ќе се случи“, рече Путин. „Тоа е интересно“.
Со нездрава насмевка Путин ја оправда и најкрвавата европска инвазија од Втората светска војна, велејќи дека му е досадно и дека сака некаква „акција“.
„Кога се е стабилно, ни е досадно. Сакаме акција“, рече Путин.
Зеленски, исто така, го нападна Путин за време на самитот на Европскиот совет во четвртокот во Брисел, велејќи им на новинарите дека рускиот диктатор е „луд“.
„Мислам дека Путин е многу опасен, не се грижи за човечките животи… Мислам дека е луд, навистина“, рече Зеленски по средбата со шефовите на европските влади. „Тој сака да убива“.