Зеленски дојде на местото на падот на украинскиот воен авион „Ан-26“
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, пристигна на местото на падот на воениот авион „Ан-26“ во Харковскиот регион, соопшти телевизијата „Украина 24“.
Претседателот нареди да бидат прекинати сите летови на авиони слични на „Ан-26“ се додека не се утврдат околностите за падот на авионот во регионот во кој пристигна.
Претходно, медиумите објавија дека на местото на авионската несреќа се пронајдени црните кутии, но дека не биле извлечени од бродоломот.
„Досега се пронајдени снимачите на летот, тие се недопрени, но се уште не се извадени од авионот“, соопшти Министерството за одбрана на Украина.
Во соопштението се забележува дека потрагата е се уште во тек и дека воените инженери работат на лице место за да ги утврдат првичните причини за катастрофата.
Државната служба за итни ситуации соопшти дека еден од двајцата преживеани, кој бил во сериозна состојба, подоцна починал во болницата.
Воениот транспортен авион „Ан-26“ се урна синоќа во близина на градот Чугуев, во Харковскиот регион за време на тренинг лет. Во авионот имало 27 лица: седум членови на екипажот и 20 кадети, бидејќи на еден кадет не му било дозволено да полета.