Зелен хуман град бара дислокација на „Усје“


Зелен хуман град до Советот на Град Скопје поднесе иницијатива за дислокација на Цементарница „Усје“.

-Предлагаме Советот јасно да заземе став дека на тешка и високозагадувачка индустрија не ѝ е местото во густо населено подрачје и дека „Усје“ мора да биде дислоцирана надвор од Скопје и надвор од кое било населено место

Со Иницијативата се предлага градоначалникот на Град Скопје овој став да го достави до Владата, Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина и Собранието, за тие понатаму да постапуваат во рамки на своите надлежности.

Цементарница „Усје“ е инсталација на тешка и високозагадувачка индустрија (Г1) која со децении функционира во непосредна близина на населени делови на Скопје. Нејзината локација е историски анахронизам и директно е спротивна на уставно загарантираното право на граѓаните на здрава животна средина, како и на современите стандарди за заштита на јавното здравје, порачуваат од ЗХГ.