Здравствената состојба на Емануел Макрон е стабилна
Здравстената сосотојба на францускиот претседател Емануел Макрон, кој од минатиот четврток е позитивен на Ковид-19, според соопштението на Елисејската палата е стабилна во споредба со претходниот ден и резултатите од неговите клинички и параклинички прегледи „се покажаа охрабрувачки“.
Претседателот на Франција, кој се наоѓа во изолација во официјалната резиденција Ла Лантерн во Версај, „сè уште ги има истите симптоми на болеста Ковид-19 (замор, кашлица, болки во мускулите) кои во никој случај не го спречуваат да ја извршува својата функција“, се додава во кусото соопштение за јавноста, потпишано од д-р Жан-Кристоф Перошон, главен лекар во Претседателството на Република.
Во текот на целата годината, овој поранешен армиски лекар е поддржан во неговата работа од четворица помошници лекари, кои се присутни 24 часа на ден до Емануел Макрон.
Вчера, шефот на државата објави видео, посочувајќи дека е добар и ги повика Французите да бидат внимателни за време на прославата на крајот на годината.
„Имам активност што е малку забавена, со приоритет, но продолжувам да се грижам за приоритетните досиеа“ увери Емануел Макрон. Во оваа порака, тој додава дека ако се заразил со Ковид, тоа „покажува дека вирусот, навистина, може да допре секого“.
-Затоа што сум многу заштитен. Јас сум многу внимателен. И покрај сè, го фатив овој вирус, можеби момент на занемарување, момент на лоша среќа исто така .
Тој, исто така, наведе дека истиот ден кога беше тестиран позитивен, во четвртокот, ист бил случајот и со„18.000 Французи и Французинки“.
-Значи, вирусот делува уште посилно, затоа мора да бидеме будни, дури и ако здравствените правила ви тежат. Но, мора да издржиме, рече тој.
Бројот на смртни случаи предизвикани од епидемијата на коронавирус во Франција во петокот ја надмина границата од 60 000, на 60 229 лица, според податоците на Јавното здравство Франција. Здравствените власти веќе неколку дена се загрижени за „загрижувачкото“ продолжување на епидемијата, во пресрет на празниците на крајот на годината.