Завршува изградбата на Коридорот 10: Од сабота по автопат низ Грделичката Клисура

Српската министерка за градежништво, сообраќај и инфраструктура Зорана Михајловиќ најави дека в саботата, 18 мај, ќе биде отворен целиот јужен крак од Коридорот 10.
Михајловиќ изјави за РТС дека овој пат е важен за регионално поврзување, како и за цела Србија.
Министерката вели дека граѓаните од сабота ќе бидат во можност да ја поминат Грделичката Клисура по автопат наведувајќи дека овој дел од Коридорот 10 беше најтешкиот. Укажа на тоа дека во изградбата се употребени 250.000 тони асфалт и дека на тој дел се двата највисоки моста во Србија, 33 дополнителни мостови, како и двата најдолги тунели.
Таа посочи дека Србија покажала дека може да заврши толку голем проект.