Завршија преговорите во Истанбул. Русија поставила нови барања

Русија побарала Украина да отсапи територии кои сѐ уште се под нејзина контрола


Пренос на телевизија на преговорите во еден бар во Киев

 

Првите директни разговори меѓу Русија и Украина од почетокот на војната пред три години се чини дека завршија во ќор-сокак, траејќи помалку од два часа.

Украински извор во Турција за Ројтерс изјави дека Русите биле нереални во своите барања.

„Руските барања се одвоени од реалноста и одат многу подалеку од сè што беше претходно дискутирано“, рече изворот за разговорите во Истанбул. „Тие вклучуваат ултиматуми за Украина да се повлече од својата територија за прекин на огнот и други незамисливи и неконструктивни услови“.

„Украина е подготвена за вистинско прекин на огнот и понатамошен вистински мировен процес без никакви предуслови“.

Русија побара за време на разговорите во Истанбул Украина да отстапи територија која сè уште е  под контрола на Киев за време на разговорите лице в лице, изјави за Си-Ен-Ен извор запознаен со преговорите во петокот.

На прашањето дали Русија бара Украина целосно да се повлече од четирите спорни источни региони, изворот рече: „Да“.

Донецк, Луганск, Запорожје и Херсон се четирите региони за кои станува збор, кои Русија се обиде нелегално да ги анектира во 2022 година.

Русија ги полага право овие региони, но нема целосна контрола врз нив.

Има еден конкретен резултат од разговорите. Украина и Русија се согласија на размена на затвореници од големи размери за време на нивните разговори, изјави шефвите на двете делегации.

„Разговаравме за размена од 1.000 за 1.000. Исто така, работиме на други модалитети за оваа размена“, изјави украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров за „Суспилне“. Тоа го потврди и шефот на руската делегација Медински.

Илјадници затвореници се ослободени во серија размени меѓу Киев и Москва откако Русија ја започна својата целосна инвазија во февруари 2022 година.

Умеров рече дека за време на разговорите во петокот биле разговарано и за прекин на огнот, како и за потенцијални директни разговори меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленски во петокот изјави дека неговата делегација на билатералните разговори во турскиот град била фокусирана на постигнување целосен прекин на огнот.

„Нашиот приоритет број еден е целосен, безусловно и искрено примирје“, го цитираше Ројтерс Зеленски. „Ова мора да се случи веднаш за да се запре убивањето и да се создаде солидна основа за дипломатија.“

„И ако руските претставници во Истанбул денес не можат да се согласат ниту за тоа, за прекин на огнот… тогаш ќе биде 100% јасно дека [рускиот претседател Владимир] Путин продолжува да ја поткопува дипломатијата.“