Заради развод продадени уметнички дела на Ворхол и Полок за 676 милиони долари во Њујорк


САД- Слики и скулптури на познати уметници како Енди Ворхол и Џексон Полок се продадени вчера на аукција во Њујорк. Колекцијата собра повеќе од 676 милиони долари .

35-те парчиња им припаѓале на магнатот за недвижности Хари Меклу и неговата поранешна сопруга Линда. На парот им беше кажано да ја продадат колекцијата и да ги поделат приходите за време на судењето за развод во 2018 година.

Дополнителни 35 уметнички дела треба да се најдат на аукција следната година.

Предметите што беа на продажба вклучуваат „No 7“, слика на Марк Ротко која беше продадена за 82,5 милиони долари – втора највисока цена за парче од уметникот.

Не е јасно кој бил купувачот, но според новинската агенција Ројтерс, имало жестоко наддавање меѓу луѓето што ги застапувале азиските клиенти.

„Број 17, 1951“, дело на Џексон Полок, достигна цена од 61,2 милиони долари.

Свиленото платно „Девет Мерилин“ на Енди Ворхол, кое беше направено кратко по смртта на актерката Мерлин Монро, достигна цена од 48,5 милиони долари.

Колекцијата беше проценета на 400 милиони долари и имаше турнеја на неколку локации, вклучувајќи ги Тајпеј, Хонг Конг, Париз и Лондон пред да се врати во Њујорк.

Дилерот на уметнички дела Ендрју Фабрикант изјави за Њујорк Тајмс дека Линда Меклу е главниот колекционер и дека ѝ продал многу парчиња кои излегле на аукција вчера.

„Секое дело овде е суптилно и уникатно“, рече тој.

Двојката минатата година се разведе по 59 години заедно. Двојката не можеше да се договори за вредноста на уметничките дела и затоа судијата назначи администратор да ја надгледува продажбата на предметите.