Започна нов тренд кај возачите: Што значи ако некој ви остави книга на покривот од автомобилот?


Некои луѓе толку многу ги сакаат книгите што сакаат да ги споделат со други, па тоа го прават така што дел од својата колекција оставаат на покривите на паркираните автомобили.

Замислете ја сцената: се враќате од шопинг во блискиот супермаркет и ја гледате „Војна и мир“ на Толстој на покривот на вашиот автомобил. Што по ѓаволите се случува – помислувате прво. Не грижете се, сѐ е во ред. Станува збор за тренд на споделување/подарување книги. Барем во Италија меѓу луѓето кои не се познаваат.

Така италијанските медиуми беа заинтригирани од интересната вест. Жена излегувала од супермаркетот, на периферијата на Милано, со намирници, а кога отишла да си го земе автомобилот од паркинг, на покривот нашла завиткано пакување со порака.

На него пишуваше: „Здраво, оваа книга е за тебе. Сакам да читам и мразам да фрлам книги, но куќата ми е мала, па решив вака да се збогувам со нив. Ако не ја сакате, не ја фрлајте. Оставете ја на клупа, во автомобил или во градски автобус. Можеби некој друг ќе ја земе. Уживајте во читањето!“ Книгата што оваа жена ја нашла на покривот на нејзиниот автомобил е „Малата перална во Јеонам“, од јужнокорејската авторка Ким Џијун.

Валерија, Италијанка на која ѝ се случило ова изненадување, зборувала за еден италијански весник и признала дека на почетокот мислела дека тоа е грешка.

„Таква љубезност ми изгледаше сосема неочекувана. Јас сум незаситна читателка, па ја зачував книгата без размислување“, вели таа. Убав тренд кој по некое чудо можеби би можел да пушти корени и на нашите простори.