На министерскиот состанок  се разговара за иднината на организацијата и за предизвиците со кои се соочува, а се очекуваат одлуки за изборот на претседавач за 2024 година, за што на подготвителниот состанок на амбасадори на 57-те земји членки неделава во Виена е постигнат консензус тоа да биде Малта. Треба да се одлучува и за буџетот, како и за именувања за клучните позиции во институциите на ОБСЕ. Предвидени се и два пропратни настани: потпишување на заедничката изјава за борба против корупцијата во Југоисточна Европа преку враќање на имотот и користење на дигитализација по кој ќе следи и адресирање на влијанието на климатските промени врз човековата безбедност во областа на ОБСЕ.