Запален танкер со 40.000 тони нафта (видео)


Илустрација

Танкер што плови под знамето на Панама се запали недалеку од брегот на Иран, а членовите на екипажот се спасени.

„Иранските власти спасија 22 членови на екипажот откако капетанот на бродот повикал помош“, објави државната телевизија, пренесува Ројтерс.

Директорот на пристаништето Асалује, во близина на кое се запали танкерот, објави дека бродот превезувал околу 40.000 тони течен нафтен гас.