Законот за бездомните кучиња заглавен, општините не и плаќаат на „Лајка“
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2021/01/лајка.jpg)
Проблемот со бездомните кучиња за кој се почесто се говори не може да се надмине без системско решение, а законот со кој треба да се регулира несовесното сопствеништво и граѓаните што фрлаат миленици повеќе од четири години е во процедура за донесување реагираат од „Лајка“.
Јавната свест за вдомување во Македонија е ниска, јавното претпријатие „Лајка“ кое треба да ги стерилизира е заглавено во стари долгови, бидејќи единствениот буџет кој го има е од Град Скопје, а скопските општини скоро воопшто не ги плаќаат средствата за кои имаат обврска да ги исплаќаат.
Исто така состојбата се влошува со носењето на голем број бездомни кучиња со комбиња од другите градови во Скопје, затоа што на другите општини тоа им е најлесен и најевтин начин за справување со проблемот. За овој проблем има и пријави до Министерството за внатрешни работи, но досега нема никава интервенција од полицијата.
Дополнителен проблем се и селските кучиња кои имаат неодговорни сопственици и кои ги пуштат слободно се парат. Без соодветно законско решение за регулирање на сопствеништвото сопствениците ниту мораат да ги регистрираат, ниту плаќаат пенали за штетата што ја предизвикуваат, се вели во соопштението од единственото прифатилиште за бездомни кучиња во Скопје.