Зајкова за судството: Место европски напредок, се враќаме во времето на Маневски


Лидерката на Либерално демократската партија Моника Зајкова реагира на најавите дека до крајот на месецов ќе се донесат измени на Кривичниот законик со кои ќе се повлечат претходните кои доведоа до застарување и амнестирање на високата корупција во државата. 
 
„Па нели се ветуваше целосно нов Кривичен закон? Ова можеше да се направи уште лани, во септември. Што беше пречка?!? Наместо европски напредок и реформа добивме враќање во времето на Маневски. Една и пол година замајување на јавноста со изговорот „чекаме нов закон“.
 
Кому му одговараше статус кво состојбата додека кривичните дела си застаруваа едно по едно?
И што добиваме?!? Слични одредби, исти проблеми.
 
Застарувањето повторно ќе биде алиби за неказнивост, широките описи на квалификацијата на делата, можности за политички прогон – особено кога обвинителството и судството функционираат по принцип „разреши“ и замени со свои луѓе.
 
Зголемети ги роковите за застареност – или престанете да ја навредувате интелигенцијата на граѓаните. Со овие одредби, делата повторно ќе застаруваат. Ако не знаете како, ви го даваме нашиот предлог слободно поднесете/поддржете го! Од што е стравот?
 
Ги повикувам граѓаните кои се согласуваат со предлогот на Либерално Демократска Партија ЛДП– кривичните дела со кои директно се оштетува државниот буџет да не застаруваат лесно – да нè поддржат.Ова не е партиско прашање, туку прашање на правда“, напиша Зајкова на Фејсбук.