За што сè е добро еспресото?


Веќе е познато дека кафето ни дава енергија, а тоа особено важи за еспресото. Но, малку е познато за што друго е корисно ова кафе.

Еспресото е добро за долгорочната меморија

Овој пијалок може да ја подобри вашата долгорочна меморија. Невролози од Универзитетот во Калифорнија спроведоа студија во која открија дека две шолји еспресо позитивно влијаат на вашата меморија.

Еспресото го зголемува вниманието

Многу луѓе го започнуваат денот со еспресо и овој факт не е изненадувачки. Утврдено е дека кофеинот ги намалува симптомите на замор и ги подобрува вниманието и будноста, благодарение на неврохемиските врски. Кафето ја зголемува концентрацијата на допамин, кој е поврзан со вниманието. Но, сето тоа само доколку консумирате еспресо во мали количини. Ако пиете повеќе од две шолји дневно, вашата концентрација се намалува.

Еспресото ви помага да изгубите тежина

Утврдено е дека еспресото е нискокалорично. Содржи околу три калории доколку не додадете шеќер или млеко. Исто така, ако вежбате по испиена шолја еспресо, вашите тренинзи ќе бидат помалку напорни, покажа истражувањето. Еспресото исто така ја намалува болката во мускулите.

Го намалува ризикот од срцев удар

Ако пиете една или две шолји еспресо дневно, ризикот од срцев удар е помал. Истражувањата покажаа дека шансите за срцев удар се помали поради антиоксидансите кои се наоѓаат во ова кафе.

Еспресото го намалува ризикот од дијабетес

Во истражувањето е откриено дека овој пијалок го намалува ризикот од дијабетес тип 2 за 11%. Покрај кафето, важно е луѓето кои имаат предиспозиции да заболат од дијабетес да бидат редовно физички активни и да внимаваат на тежината.