За прв пат во историјата Исланд ќе го водат две жени
Претседателката на Исланд денеска ја претстави новата влада предводена од лидерката на Социјалдемократската партија Криструн Фростадотир, која сака да ја намали инфлацијата и каматните стапки и да одржи референдум за членство во Европската унија до 2027 година, објави јавната телевизија РУВ.
Левичарскиот Социјалдемократски сојуз предводен од Фростадотир освои најголем број гласови на предвремените избори на 30 ноември, а во нејзината коалициска влада ќе бидат вклучени и центристичката Народна партија и левичарската, проевропска реформска партија, пишува RUV.
Ќе биде првпат на Исланд лидерите на сите владејачки партии да бидат жени, а првпат земјата истовремено да има претседателка, независната Хала Томасдотир, додава RUV. Водачот на Реформската партија Торгердур, Катрин Гунарсдотир ќе биде министерка за надворешни работи, додава телевизиската компанија.
Директниот пренос од RUV покажа како лидерите на трите партии од коалициската влада се гушкаат по потпишувањето на коалицискиот договор. Фростадотир (36) ќе биде најмладата премиер каво историјата на Исланд, објави RUV. Новата коалиција ќе ја замени владата предводена од конзервативната Партија на независноста на Бјани Бенедиктсон, како и Левото зелено движење и централно-десничарската Прогресивна партија.