За овие „голи“ кралски нозе зборува цел свет

Лондон – За дочекот на јужнокорејската двојка во Бакимгенската палата, Кејт Мидлтон облече елегантен црвен капут, црвени салонки со високи потпетици и раскошна црвена шапка. Но кога излегувала од автомобилот, капутот се отворил и голите нозе на војвотката заблескале во полн сјај.
Од тој момент, сè застанало. Британските медиуми гордо го пренесуваат режимот на исхрана и вежбање на Кејт Мидлтон.
Имено, војвотката од Велс јаде три оброка (појадок, ручек и вечера), и сите тие вклучуваат одбрана и балансирана храна, врвно месо и зеленчук.
Војвотката не јаде благо, ниту грицки меѓу оброците. Сè е во знакот на здравиот начин на живот, па и вежбањето.
Се зборува дека вежба секој ден и дека го обожава спортот. За да ја одржи тежината од 59 килограми на висина од 175 см, Кејт практикува тренинзи со висок интензитет.
Нејзините тренинзи вклучуваат трчање, кардио, пилатес, мечување, пливање секој ден, и тоа во ладен базен.
Последниве неколку години никако не се откажува од реформер пилатес, кој го обликува секој мускул.