За еден квартал надворешниот долг зголемен за 2,5 отсто


На 30 јуни годинава нето надворешниот долг изнесуваше 4,48 милијарди евра (или 30,8% од проектираниот БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во вториот квартал од 2024 година е зголемен за 109 милиони евра, или за 2,5 отсто, соопшти Народната банка.

Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 64 отсто.

Во текот на вториот квартал од 2024 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 185 милиони евра и изнесува 8,62 милијарди евра, што претставува 59,2 отсто од проектираниот БДП за 2024 година.