„WhatsApp“ ја гасне поддршката за 49 телефони: Проверете дали вашиот се наоѓа на списокот


Следните уреди повеќе нема да имаат основни ажурирања и најнови функции на апликацијата „WhatsApp“.

„WhatsApp“ ќе престане да дава поддршка на постарите уреди од „Apple“, „Samsung“, „Huawei“ и други каталози.

Најпопуларната апликација за разменување пораки во светот најавува промена за 49 телефони која стартува од 31 декември и затоа треба да обрнете внимание.

Ова не значи дека апликацијата ќе престане со работа на старите уреди, туку дека тие нема да имаат основа за ажурирање и најновите функции на апликацијата.

Што е алтернативата?
Доколку е можно би требало да го инсталирате новиот оперативен систем за „WhatsApp“ да функционира без промени.

Во случај тоа да не е можно, една алтернатива е купување нов паметен телефон, пренесува „Metro“.

Од 31 декември, платформата нема да поддржува уреди кои ги придвижува „OS“ постар од „iOS 12“, односно „Android 5“.

Да ве потсетиме, компанијата во февруари престана да ги поддржува моделите со „Android 2.3.7“ и „iOS 8“.

Проверете ја листата:

* iPhone 5

* iPhone 5c

* Archos 53 Platinum

* Grand S Flex ZTE

* Grand X Quad V987 ZTE

* HTC Desire 500

* Huawei Ascend D

* Huawei Ascend D1

* Huawei Ascend D2

* Huawei Ascend G740

* Huawei Ascend Mate

* Huawei Ascend P1

* Quad XL

* Lenovo A820

* LG Enact

* LG Lucid 2

* LG Optimus 4X HD

* LG Optimus F3

* LG Optimus F3Q

* LG Optimus F5

* LG Optimus F6

* LG Optimus F7

* LG Optimus L2 II

* LG Optimus L3 II

* LG Optimus L3 II Dual

* LG Optimus L4 II

* LG Optimus L4 II Dual

* LG Optimus L5

* LG Optimus L5 Dual

* LG Optimus L5 II

* LG Optimus L7

* LG Optimus L7 II

* LG Optimus L7 II Dual

* LG Optimus Nitro HD

* Memo ZTE V956

* Samsung Galaxy Ace 2

* Samsung Galaxy Core

* Samsung Galaxy S2

* Samsung Galaxy S3 mini

* Samsung Galaxy Trend II

* Samsung Galaxy Trend Lite

* Samsung Galaxy Xcover 2

* Sony Xperia Arc S

* Sony Xperia miro

* Sony Xperia Neo L

* Wiko Cink Five

* Wiko Darknight ZT