Вулканот го претвори рајскиот остров во пекол


Вулканот Кумбре Вијеха повторно исфрла лава која уништува сѐ пред себе, а оваа вулканска апокалипса трае веќе трет месец.

новите снимки прикажуваат лава која полека голта дрвја, а во изминатите седмици вулканот предизвика низа секојдневни земјотреси.

Кумбре Вијеха епутира прв пат на 19 септември, а лавата прекри околу 1.073 хектари на островот Ла Палма. На својот деструктивен пат уништи повеќе од 2.650 објекти, а повеќе од 7.000 жители се евакуирани.

Освен очигледната опасност од лавата за сите живи суштества во нејзина близина, при доаѓањето во допир со водата од океанот доаѓа до емисија на отровни гасови.

Властите во понеделникот им наредија на жителите од три крајбрежни градови да останат во домовите затоа што густи облаци чад доаѓаа од морето. Локдаунот беше укинат во средата откако опаднаа испарувањата на безбедно ниво, но и понатаму се советува носење маски FFP2.

Пепелта и чадот кои вулкнот ги испраќа во атмосферата ги оневозможуваат летовите на авионите, па локалниот беше затворен од саботата до четвртокот.

Ерупцијата ја зголеми повершината на островот Ла Палма за 46 хектари, затоа што лавата се излади и се зацрвсти во морето.