Вулкан еруптираше во Русија по земјотрес со јачина од 7 степени
Вулкан еруптираше по земјотресот со јачина од 7 степени што го погоди источниот брег на Русија, исфрлајќи колона од пепел со километри во воздухот, јавуваат државните медиуми.
Вулканот Шивелуч е на околу 280 милји од Петропавловск-Камчатски, крајбрежен град со население од околу 180.000 жители, кој се наоѓа во источниот руски регион Камчатка.
„Според визуелните проценки, колоната од пепел се издигнува на 8 километри над морското ниво“, објави ТАСС во неделата наутро по локално време, додавајќи дека вулканот испуштил млаз лава. Нема извештаи за повредени лица, соопшти ТАСС.
Според Геолошкиот институт на САД (USGS), епицентарот на земјотресот бил на околу 55 милји од Петропавловск-Камчатски и бил на длабочина од околу 30 милји. Нема „големи штети“ од земјотресот, јави ТАСС, меѓутоа, „сега се испитуваат зградите за потенцијална штета, со посебно внимание посветено на социјалните установи“.
Руското Министерство за вонредни ситуации не издаде предупредување за цунами поради потресот, пренесе ТАСС.
Претходно, американскиот систем за предупредување од цунами предупреди дека „опасни бранови од цунами од овој земјотрес се можни на 300 километри [околу 186 милји] од епицентарот долж бреговите на Русија“.