Вториот бран на корона вирус во Холандија многу загрижува, ќе бидат потребни нови мерки


Вториот бран на корона вирус во Холандија  многу загрижува и ќе треба да се воведат нови ограничувачки мерки, изјави денеска холандскиот премиер Марк Руте.

Тој ја даде изјавата откако беше регистриран уште еден рекорден број на нови инфекции во Холандија во претходните 24 часа – 2.777 случаи на заразени со новиот коронавирус.

– Бројките изгледаат навистина ужасно…Накратко, ситуацијата е многу загрижувачка и ќе не принуди да воведеме дополнителни мерки, изјави Руте на прес-конференција.

Објавување на мерките се очекува идната недела.