Вселенско ѓубре ја погоди и ја оштети МВС


 

Парче вселенски отпад кое било премало за следње ја погоди Меѓународната вселенска станица и ја оштети нејзината роботска рака „Канадарм2“.

Инструменто, за среќа, уште е функционален, но објектот ја пробил термичката заштита и оштетил некои компоненти.

Вселенските агенции и научната заедница веќе некое време предупредуваат на проблемот со всленски отпад (отпадоци од мисии и сателити), наведувајќи дека се работи за темпирана бомба. Стручњаците следат повеќе од 23.000 парчиња поголеми од тениско топче за да се избегне судар меѓу нив и МВС или сателитите.

Помалите објекти не е возможно да се следат, но тоа не значи дека не можат да нанесат значителна штета во активините мисии во орбитата на Земјата, пшува Сајанс алерт.

„Каннадарм2“ е дизајнирана од Канадската вслеленска агенција и е дел од МВС 20 години. Се работи за роботска рака која служи за одржување и како помош при маневрирање на објекти надвор од МВС, како товарни бродови.

За сега не е познато кога точно дошло до ударот, а штетата е забележана на 12 мај, при рутински преглед.

Иако МВС овојпат имаше среќа, проблемот со вселенскиот отпад се зголемува од година во година и само е прашање на време кога би можело да дојде до сериозна тета. МВС минатата година мораше три пати да изврши итни маневри за да избегне судар со отпад.

Европската вселенска агенција проценува дека околу Земјата во моментот кружат околу 130 милиони фрагменти материјал од човечко производство помали од еден милиметар.