Врховниот суд на Колорадо му забрани учество на Трамп на примарните избори во таа држава

Врховниот суд на САД е повисока инстанца која ќе решава дали одлуката на Врховниот суд на Колорадо е законска


 

Со мнозинство од четири од седум судии, Врховниот суд во Колорадо го направи Доналд Трамп првиот претседателски кандидат во историјата на САД кој се смета дека не е подобен за Белата куќа според ретко користената одредба од Уставот на САД со која се забрануваат службеници кои биле ангажирани во „востание“ за извршување на функцијата.

Одлуката се однесува само на републиканските прелиминарни избори во Колорадо на 5 март, но нејзиниот заклучок може да влијае на положбата на Трамп во државата на 5 ноември.

Противниците на Трамп одлуката ја окарактеризираа како историска и укажаа дека ова може да спречи тој да учествува на изборите и да победи, за што води кампања повеќе од една година.

Од изборниот штаб на поранешниот претседател одлуката ја нарекоа недемократска и веднаш ја дадоа на апелација на Врховниот суд на САД.

Одлуката е заснована на член од Уставот внесен со 14. амандман во 1868 година кој спречува функционери на Конфедерацијата дасе кандидираат за државни функции во САД по завршувањето на Граѓанската војна.

Други судови низ САД се подготвуваат да донесат слични одлуки. Ако слични заклучоци се донесат во другите држави, Трамп ќе има огромни тешкотии, а можеби и ненадминливи, да осигура републиканска номинација и да победи на изборите во ноември 2024 година, пишува „Вашингтон пост“.

„Мнозинство од судот смета дека претседателот Трамп е дискфалификуван да држи функција претседател според Делот три од Четиринаесеттиот амандман на Уставот на Соединетите Американски Држави“, се вели во одлуката.

„Затоа што тој е дискфалификуван, би било погрешен чин да се најде на списокот кандидати на претседателско примарно гласачко ливче“, се додава.

Врховниот суд на САД решава и по друга жалба на Трамп, според која тој бара имунитет во еден од неговите случаи на криминал – обвинението подигнато во Вашингтон од специјалниот обвинител Џек Смит, а поради незаконски обид да ја спречи победата на претседателот Џо Бајден на изборите во 2020 година. Трамп негира дека направил какво и да било злосторство.

Врховниот суд на САД е повисока инстанца која ќе решава дали одлуката на Врховниот суд на Колорадо е законска.

Непартиските прогнози за изборите во САД го гледаат Колорадо како безбедно демократско, што значи дека претседателот Џо Бајден најверојатно ќе победи во државата без оглед на судбината на Трамп таму. Трамп вети дека ќе ја обжали пресудата до Врховниот суд на САД, а судот во Колорадо рече дека ќе го одложи ефектот на неговата одлука најмалку до 4 јануари 2024 година за да дозволи жалба.

Пресудата ја поставува сцената за американскиот Врховен суд, чие конзервативно мнозинство од 6-3 вклучува тројца именувани Трамп, да размисли дали Трамп има право да служи уште еден претседателски мандат.

Тужбата се смета за тест за поширок напор да се дисквалификува Трамп од државните гласачки ливчиња според Делот 3 од 14. амандман, кој беше донесен по Граѓанската војна во САД за да се спречат поддржувачите на Конфедерацијата да служат во владата.

Судот во Колорадо пресуди дека Уставот на САД му забранува на Трамп, фаворит за републиканска номинација во 2024 година, да се појави на гласачкото ливче поради неговата улога во поттикнувањето насилство во Капитолот додека пратениците се состануваа за да ги потврдат резултатите од изборите во 2020 година.

Од околу петнаесет случаи кои се во тек во различни држави, вклучително и два отфрлени во Минесота и Мичиген. Судовите во Колорадо беа првите што го прогласија Доналд Трамп за неподобен.