Времето денес ќе биде сончево и тивко
Времето денеска претпладне ќе биде магливо во одделни котлини, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени Целзиусови.
Во Скопје минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 20 степени Целзиусови.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, утре ќе биде стабилно и суво со појава на утринска магла по одделни котлини. Во понеделник попладне, во текот на ноќта и во вторник ќе има повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Од среда повторно се очекува стабилно и суво време.