„Вреди“ ја пофали ДУИ дека омекнала во реториката

Коалицијата „Вреди“ е задоволна што досегашната владејачка структура од ДУИ омекнала во реториката и ја поддржала реорганизацијата на Владата. И дек била конструктивна опозиција.
„Добро е што дел од ДУИ на прашањето за реорганизација на министерствата покажа дека може да биде и конструктивна опозиција. После бојкотот на гласањето за Африм Гаши заедно со Левица, ова е мал исчекор кон прифаќање на реалноста. Закон за правична застапеност на етничките заедници во органите на државна управа е дел од коалицискиот договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ‘Вреди’, кој ќе содржи механизми кои ќе го заменат балансерот во разумен рок“, се вели во соопштението на коалицијата „Вреди“.
Формирањето на ад хок собраниска комисија предводена од опозициски пратеник е добар чекор во зајакнување на контролата на законодавната врз извршната власт. Во „Вреди“ се задоволни што нивните апели кај некои пратеници на ДУИ вродиле со плод, затоа што новата организација на Владата ќе овозможи поголем степен на ефикасност во реализација на заедничките програмски цели, што е во интерес на сите граѓани на Северна Македонија.