Вработените во УБК кој ги извадија прислушкуваните „бомби“ ja добиваат наградата „Мето Јовановски“


Фото; Б. Грданоски

Во Кристалната сала на Собранието, во 13:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Мето Јовановски“ ќе ја додели државната награда „Мето Јовановски“ за 2021 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права.

Државната награда „Мето Јовановски“ за 2021 година им се доделува на Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски, долгогодишни службеници во Министерството за внатрешни работи, врвни професионалци кои обелодениле докази за масовно кршење на човековите права преку незаконско прислушување на десетици илјади македонски граѓани.

Ѓорги Лазаревски и Звонко Костовски се вработените во УБК кои помогнале да се извлечат прислушуваните материјали од УБК.