Впечатливи модни марами со потпис на Росица Мршиќ: Стил со чувство на ексклузивност


Дизајнерката Росица Мршиќ дизајнираше нова, ‘limited edition’ линија на впечатливи модни марами со авторски принт за претстојната сезона. Овие модни додатоци ја одразуваат и нагласуваат женственоста преку современиот и уметнички потпис на дизајнерката, и се можност пошироката модна публика да ужива во носењето на дизајнерско модно парче со чувство на посебност заради ексклузивноста и автентичноста на производите. Дизајнерските марами од оваа линија го надополнуваат и освежуваат индивидуалниот изглед, што ги прави оригинален додаток за секоја пригода и идеален подарок за секоја жена. 

Актерката Дарија Ризова, манекенката Вера Мештеровиќ и деловната жена Ружица Максимовска како успешни дами од македонскиот јавен живот се промотивните лица на новата модна линија и воедно љубителки на марамите како моден додаток.

Новата линија марами ја надополнува понудата на модни парчиња на ROSICA MRSIK брендот кој постојано воведува новитети на модниот пазар и работи на создавање свежа естетика. И во ковид-услови, нејзиното модно студио нон-стоп работи со полна пареа и дозирано не послужува со безвременска мода. (Л.С.)