Возовите за Битола нема да запрат, туку ќе бидат редуцирани


Фото: Б. Грданоски

 

Редовниот железнички сообраќај на релација Битола-Скопје и обратно ќе има една рестрикција, но не и целосно запирање во периодот на најавената реконструкција на пругата Скопје-Зелениково.

Од битолската Железничка станица потврдија дека секојдневно и без пречки од Битола за Скопје ќе се поаѓа во 03,10 часот наутро и во 18,22 часот попладне, додека од Скопје за Битола, патничкиот воз ќе поаѓа во 06,50 часот наутро и во 20,05 часот навечер.

Цената на возниот билет е иста и на релација Битола-Скопје може да се патува за 314 денари во еден правец, односно за 502 денари ако патникот набави повратен билет за патување во воз.
За време на првиот и третиот викенд во месецот превозот со воз за млади лица до 27-годишна возраст и сите пензионери, е бесплатен“, изјавија за МИА од Железничката станица во Битола.