Возач со полна брзина налета на луѓе на собир за жртвите од Нови Сад: „Нагазил на гас и собрал шест луѓе!“
На улица во Белград, во петокот, се случи инцидент за време на петнаесетминутната акција „Стоп за Србија“, во која граѓаните им оддадоа почит на жртвите од Нови Сад.
Автомобилот удрил во група луѓе кои учествувале во акцијата додека стоеле на пешачкиот премин. Го управувал маж на 60-годишна возраст, кој со полна гас соборил шест лица, велат очевидци на настанот.
Повредените веднаш биле пренесени во болница.
„Стоевме на пешачки премин. Од правец на Студентскиот плоштад дојде возило управувано од постар човек. Тој инсистираше еден човек да се помести за да може да сврти десно. Меѓутоа, бидејќи не можеше да помине, удри во неколку лица кои стоеја таму. Тогаш луѓето почнаа да му викаат: „Застани, каде одиш? Ги газите луѓето на пешачки премин“, изјави за Нова.рс сведокот Н.Б.
Сведокот рече дека мажот наместо да го запре возилото, уште посилно притиснал гас и прегазил шест лица.
Меѓу нив беа и музичарите на Белградската филхармонија. За време на инцидентот повредени се колегите на музичарот Игор Ранковиќ, кој за Нова.рс раскажа што се случило.
„Решивме во 11:50 часот да ја искористиме паузата за да им овозможиме на луѓето кои сакаат да им оддадат почит на жртвите од несреќата во Нови Сад. Од правец на Студентскиот плоштад, улицата што минува покрај Етнографскиот музеј, дојде црна „тојота“ и застана. Човекот рече дека се брза. Му кажавме дека треба да почека уште осум минути. Тој рече дека нема да чека ни осум секунди, а не пак осум минути. Нагази на гас и помина низ луѓето. Четворица колеги се повредени, а потоа однесени во Ургентен центар“, изјави Ранковиќ.