Ворен Бафет донираше над 2,9 милијарди долари за хуманитарни цели


Познатиот светски инвеститор Ворен Бафет донираше акции вредни приближно 2,9 милијарди американски долари од конгломератот „Беркшир Хатавеј“ на четири семејни организации и на фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, што е последен, но не и најголем придонес согласно неговиот план да го подели своето богатство.

Конгломератот соопшти дека 15-годишната донација на Бафет се состоела од 15,97 милиони акции од класата Б на „Беркшир Хатавеј“. Со тоа износот на донации за хуманитарни цели се зголеми на повеќе од 37,4 милијарди американски долари откако Бафет, кој на 30 август ќе наполни 90 години, почна да ги дели своите акции во 2006 година.

Четири петтини од донациите одат во фондацијата на Гејтс. Остатокот е наменет за фондацијата „Сузан Томпсон Бафет“, именувана по покојната сопруга на Бафет, и за хуманитарните организации кои ги водат неговите деца Хауард, Сузан и Питер – Фондацијата Хауард Г. Бафет, Фондацијата Шервуд и Фондацијата НоВо.

Најголемата донација на Бафет изнесувала 3,61 милијарди американски долари во 2019 година кога цената на акциите на „Беркшир Хатавеј“ биле повисоки.

Иако Бафет донираше 48 проценти од своите акции, тој сепак поседува околу 15,2 процента од Омаха, конгломерат од Небраска, и контролира речиси една третина од гласачката моќ на компанијата.

Списанието „Форбс“ вчера објави дека Бафет сè уште има 71,4 милијарди американски долари и е седми најбогат човек во светот.