Водата носи сѐ пред себе: Автомобили завршија во морето (фото/видео)


Обилните дождови денеска предизвикаа поплави во околината на градот Катанија на Сицилија.

Во гратчето Торе Аркирафи водата ги поплави улиците и влече автомобили во морето, јавува Анса.

 

Локалните жители испратија повеќе од 30 барања за помош до службите за итни случаи. Пожарникарите спасија голем број возачи заробени во нивните автомобили, а се уште нема извештаи за исчезнати лица.

 

Италија оваа година се соочи со повеќекратни бранови на екстремни временски услови поради климатските промени.

Интензивни топлотни бранови и екстремни суши го погодија југот на земјата ова лето, особено Сицилија и Сардинија, додека обилните врнежи доведоа до поплави во регионите Пиемонт, Емилија-Ромања и Марке.