(Видео) Одбележување на третата годишнина од членството во НАТО


Проследете ја централната свеченост за одбележување на третата годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО – Алијансата, што се одржува во касарната „Илинден“ во Скопје.
На свеченоста ќе се обратат премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот на Армијата генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.
 
Дел од свеченоста ќе бидат неколку показни вежби и активности на Армијата, вклучувајќи прелет на сојузнички воздухоплови во рамки на мисијата „Air Policing“.