(Во живо) Американците лансираа ракета на Месечината – прва по „Аполо“


Лансирана е ракетата „Вулкан“ што го носеше вселенското летало „Перегрин“. Ракетата беше лансирана од Кејп Канаверал на Флорида во 08:18 часот.

Ако вселенското летало „Перегрин“ безбедно слета на нашиот природен сателит, тоа ќе биде првото американско летало што ќе направи меко слетување на површината на Месечината од ерата на „Аполо“.

Прво американско слетување на Месечината од 1972 година
Тоа е првата американска мисија што слетува на Месечината од 1972 година, односно од ерата на мисиите „Аполо“. Ако сè оди според планот, лендерот треба да слета на Месечината на 23 февруари.

Што ќе мери лендерот на Месечината?
Доколку сè биде во ред и лендерот „Перегрин“ успешно слета на Месечината, неговите инструменти ќе ги мерат нивоата на радијација, мразот на површината и подземната вода, магнетното поле и екстремно тенок слој гас – егзосферата. Овие наоди треба да помогнат да се намалат ризиците при пребарување на природни ресурси на Месечината. Мисијата ќе го анализира составот на егзосферата на Месечината и ќе следи како таа се менува во текот на осум или повеќе земјини денови.

Peregrine би можел да открие и како точно молекулите на водата се ослободуваат од површината во текот на денот и повторно се „заробуваат“ ноќе, или подобро да не води до механизмот зад циркулацијата на водата на Месечината.

Главниот конкурент на SpaceX
Ракетата Vulcan, управувана од United Launch Alliance, е главниот конкурент на SpaceX на Илон Маск. НАСА има пет научни инструменти за Peregrine.

Следете го лансирањето во живо: